Sbs Macedonian -

  • Autor: Vários
  • Narrador: Vários
  • Editor: Podcast
  • Duración: 242:51:00
  • Mas informaciones

Informações:

Sinopsis

Listen to interviews, features and community stories from the SBS Radio Macedonian program, including news from Australia and around the world. - , , .

Episodios

  • Тешко вооружен и во бегство - што знаеме за Дези Фримен и суверените граѓани

    16/09/2025 Duración: 09min

    Во тек e голема потера по човекот осомничен за убиството на двајца полицајци и трет полицаец кој што тој го ранил, откако отворил оган врз нив за време на налог за претрес. 56-годишниот осомничен, Дези Фримен, бил познат по своите верувања што се во согласност со така нареченото движење на суверени граѓани 'sovereign citizens'.

  • Нов извештај покажува дека исламофобијата е "сеприсутна“ во Австралија

    16/09/2025 Duración: 11min

    Се упатуваат проминентни повици до федералната влада да ги усвои ново воведените препораки, по извештајот на претставникот назначен од владата за борба против исламофобијата. Ова следи по податоците од Регистарот за Исламофобија на Австралија, кои откриваат зголемување од 530 проценти на инцидентите од 7 октомври 2023 година.

  • "Климатска бомба“- Зошто конечното одобрение за гасна централа ги загрижува домородните групи и екологистите

    16/09/2025 Duración: 10min

    Федералната влада даде конечно одобрение за проектот за гас Woodside North West Shelf со низа услови. Одобрувањето доаѓа пред објавувањето на целта за намалување на емисиите до 2035 година од страна на лабуристичката влада на Албанезе, и откако Австралија ја нагласи својата посветеност на справувањето со климатските промени пред лидерите во Тихоокеанскиот регион.

  • Програмата на СБС на македонски емитувана на 15 септември 2025

    15/09/2025 Duración: 48min

    Програмата на СБС на македонски емитувана на 15 септември 2025

  • Загриженост за политичкиот екстремизам по ривалските митинзи одржани низ цела Австралија

    15/09/2025 Duración: 09min

    Политичарите предупредуваат на ризиците од екстремизам и политичко насилство, откако се одржаа сопернички собири во главните градови и регионалните центри на Австралија.

  • Две македонски екипи ќе се борат за шампионски титули

    12/09/2025 Duración: 12min

    Рокдејл Илинден во Националната премиер лига на Нов Јужен Велс и Волонгонг Јунатед во Премиер лигата на Илавара, ќе се обидат да го остварат успехот на Бродмедoу Меџик во Премиер лигата на северниот регион на НЈВ.

  • Извештај од Македонија 12 септември 2025

    12/09/2025 Duración: 10min

    Извештај од Македонија 12 септември 2025

  • Програмата на СБС на македонски емитувана на 12 септември 2025

    12/09/2025 Duración: 52min

    Програмата на СБС на македонски емитувана на 12 септември 2025

  • МЕЃУ ДВЕ КУЛТУРИ: Кои се разликите меѓу австралиското и македонското образование?

    12/09/2025 Duración: 15min

    Постојат драстични разлики меѓу образованието во Австралија и она во Македонија. Во оваа епизода откриваме кои се предностите, а кои недостатоци на двата системи.

  • Вести на СБС на македонски 12 септември 2025

    12/09/2025 Duración: 12min

    Вести на СБС на македонски 12 септември 2025

  • Програмата на СБС на македонски емитувана на 11 септември 2025

    11/09/2025 Duración: 54min

    Програмата на СБС на македонски емитувана на 11 септември 2025

  • Дали сте спремни да го продадете златниот накит за да сврзете крај со крај?

    11/09/2025 Duración: 15min

    Со зголемувањето на цената на злато за околу 70 проценти во последните пет години, повеќе луѓе се двоумат, дали да го продадат златниот накит за да сврзат крај со крај, или, да го задржат од сентиментални причини.

  • Сечата на дрвја е запрена за да се создаде засолниште за коали

    11/09/2025 Duración: 08min

    Австралија ќе го запре сечењето на дрвја во голем дел од шумата на источниот брег за да создаде засолниште за коалите, во обид да ја спаси локалната популација од истребување. Најавата, која ќе влијае на шест дрварници и стотици работници, предизвика негодување во шумарската индустрија. Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, вели дека одлуката не била донесена лесно и дека засегнатите ќе бидат поддржани.

  • Јапонија во уште поголема неизвесност по оставката на премиерот Шигеру Ишиба

    11/09/2025 Duración: 07min

    Јапонија се наоѓа во состојба на неизвесност по оставката на својот премиер. Оставката доаѓа во време кога земјата се бори со зголемувањето на цените за храна и се справува со последиците од американските царини врз нејзиниот витален автомобилски сектор.

  • Дали шемата за гаранција за купување на прв дом ќе помогне во кризата со домувањето?

    10/09/2025 Duración: 10min

    Владината шема за гаранција за купување на прв дом ќе им овозможи на илјадници други изнајмувачи, кои се борат да заштедат за вообичаениот депозит од 20 проценти за домот, можност да влезат на пазарот на недвижности. Но, експертите велат дека шемата, поместена за три месеци порано, до октомври, можеби не е толку корисна како што првично звучи. Тие велат дека ги остава оние што ја користат шемата, финансиски ранливи и ги исклучува лицата со ниски приходи. А за следната генерација купувачи на прв дом, тоа би можело да им го отежни патот до сопственост на имот.

  • Програмата на СБС на македонски емитувана на 10 септември 2025

    10/09/2025 Duración: 47min

    Програмата на СБС на македонски емитувана на 10 септември 2025

  • Вести на СБС на македонски 10 септември 2025

    10/09/2025 Duración: 12min

    Вести на СБС на македонски 10 септември 2025

  • Програмата на СБС на македонски емитувана на 8 септември 2025

    08/09/2025 Duración: 51min

    Програмата на СБС на македонски емитувана на 8 септември 2025

  • Програмата на СБС на македонски емитувана на 5 септември 2025

    05/09/2025 Duración: 51min

    Програмата на СБС на македонски емитувана на 5 септември 2025

  • Како се роди најстариот поетски фестивал на светот, "Струшките вечери на поезијата"?

    04/09/2025 Duración: 18min

    Дали знаете дека "Струшките Вечери на поезијата" е најстариот поетски фестивал во светот? Eден од основачите и долгогодишен директор на фестивалот, познатиот македонски писател Јован Стрезовски, низ емоции се навраќа на моментите, кога заедно со Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодороски, Матеја Матески и Славко Јаневски ја организирале првата средба.

página 2 de 35